Утрински Весник
Спорт

Тата Мартино ја напушта клупата на Мексико

Тата Мартино ја напушта клупата на Мексико
Dik 300x250 mk

Селекторот на мексиканската фудбалска репрезентација Херардо Тата Мартино синоќа во Доха изјави дека ја прифаќа одговорноста за неуспехот и елиминацијата од Мундијалот по групната фаза и дека ја напушта клупата на таа селекција.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум одговорен за фрустрацијата и разочарувањето што ги доживеавме. Ја прифаќам одговорноста за овој неуспех. Договорот ми истече при последниот судиски свиреж и тоа е тоа“, изјави Мартино.

Мексико во последното трето коло од групата Ц ја совлада Саудиска Арабија со 2:1, но и покрај победата како третопласирана во групата го заврши учеството на Мундијалот.

Селекцијата на Мексико освои четири бода, колку што има и второпласираната Полска, но Полјаците напредуваа поради подобра гол – разлика.

„Доминиравме, создававме шанси. Можевме да постигнеме уште неколку голови, но не успеавме“, изјави Мартино.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони