Утрински Весник
Магазин

Тарт со спанаќ и сирење

20251031120117 big 730x400 78.webp.webp

За сите љубители на комбинацијата од сирење и спанаќ, еве го рецептот кој е многу едноставен и брз за подготовка и е одличен за појадок или вечера…

         Состојки:

  • 3 чаши брашно и малку за посипување
  • 150 грама путер (ладен)
  • 2  јајца
  • 3 лажици ладна вода
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка сушен босилек (или оригано)

        За Фил:

  • 300 грама свежо сецкан спанаќ
  • 3 чаши урда (може да биде фета сирење или друго)
  • 3 свежи јајца
  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 лажици јогурт
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 чаша брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 чаша пармезан (рендан)
  • 1/3 лажичка мелен црн пипер

Подготовка:

Измешајте го брашното и солта и додадете го ладниот путер. Втријте го путерот со прстите, мешајќи со брашното, додека не се претвори во мали грутки. Додадете ги јајцата, сувиот босилек и водата и добро измешајте сè, обликувајте го во тесто, завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер половина час. Ако спанаќот е свеж, сварете го кратко, само колку да омекне, исецкајте го и добро исцедете го. Ако спанаќот е замрзнат, само добро исцедете го и измешајте го со маслиново масло, јогурт, сирење, јајца, брашно и прашок за пециво. Додадете сол, пармезан и бибер и ставете го во фрижидер… Вклучете ја рерната да се загрее на 220 C. Извадете ја кората и одмотајте ја на претходно набрашнета работна површина. Развлечете ја додека не стигне до рабовите на тавата за тарт. Избоцкајте ја кората со вилушка. Истурете ја смесата од сирење и спанаќ врз кората и притиснете со показалецот на секои 1 см за да создадете убави рабови. Печете околу 45 минути додека рабовите на тартот не добијат убава златна боја, но внимавајте да не препечете. Оставете малку да се олади и послужете веднаш.

Сервирање:

Подготвено на овој начин најдобро се јаде веднаш, со чаша јогурт за појадок или вечера.

Можете да прочитате

Со разумно готвење може да се заштеди струја

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

Кога почнува Божиќниот пост и што треба да знаете: Правила, датуми и духовната смисла пред најрадосниот ден во годината