Утрински Весник
Македонија

Таравари убеден дека уставните измени ќе се случат

Taravari 1.jpg

Многу сум среќен што премиерот Христијан Мицкоски е ориентиран кон Европската Унија. Ова го вели претседателот на АA, Арбен Таравари во интервју за весникот ЛАЈМ.

Таравари е убеден дека процесот за уставни измени ќе почне до декември, а вети дека актуелната влада ќе ги започне преговорите со ЕУ.

„Јас сум голем оптимист дека уставните измени ќе се случат. Албанија ги започна преговорите и ние и честитавме на Албанија. За жал, Македонија не ги почна преговорите и се одвоивме од Албанија. Сметам дека во периодот до средината на декември, тоа е периодот кога има простор Македонија да ја помине оваа фаза на уставни измени. Ви гарантирам дека ќе ги почневме преговорите доколку имаше стабилна Влада во Бугарија, која ќе даде гаранции дека тоа е последниот услов.

Јас сум многу среќен што премиерот на Македонија е човек кој е јасно ориентиран, дефинитивно е ориентиран кон ЕУ и сака тоа да се случи што поскоро. Таму сме и ние како ВЛЕН да го поттикнеме, верувам дека ќе го поттикне и меѓународниот фактор кој го сака доброто на Македонија. Јас сум голем оптимист дека ќе ги започнеме преговорите. Од овде денеска велам дека 100% оваа Влада ќе ги почне преговорите со ЕУ во овој мандат“, рече Таравари во интервју за весникот ЛАЈМ.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор