Утрински Весник
Македонија

Таравари со Резолуција бара реотворање на истрагите за Дурмо турс, Беса транс и Модуларна, но и целосна истрага за Кочани

Taravari 1 April.jpeg

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, но и повторно отворање на истрагите за претходните трагедии – Дурмо турс, Беса транс и Модуларната болница во Тетово.

Во резолуцијата меѓу другото се бара спроведување на целосна, независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, под раководство на надлежните институции, ослободени од секакво политичко влијание, со обврска за редовно и јавно информирање на граѓаните за текот и наодите од истрагата, но и повторно отворање на истрагите за претходните трагедии – Дурмо турс, Беса транс и Модуларната болница во Тетово – во кои животот го загубија вкупно 135 граѓани, и за кои сè уште не е утврдена ниту институционална, ниту индивидуална одговорност


Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш