Утрински Весник
Македонија

Таравари се поздрави со Мицкоски, но не и со Меџити и Касами

494776891 10237003141239303 514991972068975015 n.jpg

Застанати еден до друг, но сè подалеку политички. Довчерашните коалициони партнери, Таравари, Меџити и Касами, денеска присуствуваа на заеднички настан, стоеја во првиот ред, но меѓусебно се игнорираа.

MK Summit

Покрај Касами, на неофицијалниот список што се споделува во јавноста повторно е и Висар Ганиу за Чаир. Зад нив е Фатмир Лимани за Кичево, Менди Ќира за Струга, Џемаил Ќупи за Дебар, Абдула Бајрамовски за Долнени, Висар Адеми за Гостивар, Али Синани за Врапчиште, Фатмир Сабриу за Боговиње, Хаким Рамадани за Брвеница, Амир Елези за Теарце, Блерим Сејдиу за Желино и Мухамед Елмази за Сарај. Недостасуваат уште кандидатите за Липково, Арачиново и Студеничани. Но, од партијата тврдат дека ништо од ова не е потврдено, ниту конечно.


Таравари, кој денеска ги одбегна своите довчерашни партнери, вчера во Слупчане насмеано се ракуваше со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ова поттикна уште повеќе шпекулации за нивната идна соработка на локалните избори.Тој деновиве треба да се сретне и со премиерот, со кого треба да разговараат за неговото понатамошно дејствување, во или надвор од владата.

Можете да прочитате

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!