Утрински Весник
Македонија

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Taravari 400765 416046 428325 428464 428906.jpg

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако признава дека е тешко да ѝ се одолее. Тој истакна дека за него политиката секогаш била и ќе остане едноставна формула: што правиме за народот, а не што правиме за себе и за тесниот круг околу нас.

– Ова беше системот којшто ја парализираше нашата заедница и затоа категорично не смееме да го повториме“, напиша Таравари, додавајќи дека проблемите во системот не се само прашање на имиња, туку на групации и менталитети.


Тој апелира за суштинска промена во политичкиот пристап и ја нагласува опасноста од неуспехот да се направи таа промена: “Можеме да останеме со истите имиња, но мора да го смениме менталитетот, инаку повторно ќе паднеме во кругот на незаслужени придобивки, што поедноставено значи: ќе го одмараме нашиот грб на грбот на народот“.

Арбен Таравари

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати