Утрински Весник
Македонија

Таравари одржа средба со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу

467267475 10234890474703960 4943869855423233339 N.jpg

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа поздравен говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството”.

„Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји,” објави министерот Таравари преку социјалните мрежи.

Во рамки на активностите на 10. Светски турски медицински конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, д-р Кемал Мемишоглу.

Како што информираат од Министерството за здравство, на средата беше истакнато досегашното успешно партнерство и потврдена е заедничката заложба за понатамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со посебен фокус на спроведување заеднички проекти од взаемен интерес.

Во рамки на овој конгрес, Таравари оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак.

„На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството,” се наведува во соопштението од министерот Таравари.

Можете да прочитате

Во Маврови Анови највисока снежна покривка од 68 см

За новогодишна декорација Охрид ќе потроши 22 000 евра, а Струга 40 000 евра

Немате сила, ниту знаење, но поважно ја немате волјата на Албанците – Се огласи Груби по обвиненијата од Влен