Утрински Весник
Македонија

Таравари конечно потпишал решение и ја разреши директорка на Козле која бараше името да не и се спомне

Screenshot 2025 02 03 191246.png
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска потпиша решение со кое досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска.

Оваа одлука веќе пристигнала во болницата, објавија дел од медиумите.


Директорувањето на Симоновска беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и меѓучовечките несогласувања во институцијата.

Тензиите кулминираа со нејзиното барање до медиумите да не го спомнуваат нејзиното име, иако се наоѓаше на јавна функција.

Во последниот период, медицинскиот персонал од болницата алармираше за внатрешни проблеми, што доведе до зголемени реакции во јавноста. Симоновска инсистираше на анонимност во јавниот дискурс, што отвори прашања околу транспарентноста на управувањето со оваа здравствена институција.

Со назначувањето на проф. Катерина Бошковска, Министерството за здравство очекува стабилизирање на состојбите во болницата и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, како и за пациентите.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово