Утрински Весник
Македонија

Таравари ќе постави Белгијец за вицепремиер за добро владеење

Arben Fetai.jpg

Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 рече дека Арбен Фетаи, кој ќе биде назначен за нов вицепремиер за добро владеење (за борба против корупција) се родил и живее во Брисел, а во Македонија би дошол да биде функционер на една-две години.

– Роден е и живее во Брисел. Ќе се врати специјално барем една до две години да биде тука во Македонија. Мислам дека има најдобра биографија од сите што живеат во Македонија. Човекот ќе ја остави работата и семејството за одреден период да биде тука и да работи посебно на темата – транспарентност, рече Таравари.

Тој потврди дека ќе биде нов министер за здравство и  јавно објави и дел од имињата на министрите од коалицијата ВЛЕН. Потврди  дека Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, а Фатмир Лимани сигурно ќе биде министер за социјална политика.

Фетаи бил претседател на движењето Самоопределување на Албин Курти во Белгија и, како што пишуваат косовските медиуми, бил консултант во областа на меѓународниот развој со различни меѓународни агенции во Брисел од 2009 година. Тој  работел во Приштина во периодот 2004-2008 година како експерт за европски прашања со Програмата за развој на Обединетите нации и со проекти на Европската комисија. Дипломирал политички науки на Université Libre  во Брисел и магистрирал  надворешна политика на Европската унија на Институтот за европски студии во Брисел. Единствена врска со Македонија му е партијата на Арбен Таравари, бидејќи сите активности му биле поврзани досега со Косово. Прашањето сега е дали Фетаи има македонско државјанство воопшто или македонските граѓани ќе издржуваат странски државјани. 

Можете да прочитате

ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии