Утрински Весник
Македонија

Таравари: Доколку премиерот смета дека АА е непотребна во Владата, ние немаме никаков проблем

Taravari.jpeg

Министерот за здравство и лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска од Куманово рече дека доколку премиерот Мицкоски смета дека се непотребни, ќе ја напуштат Владата.

Таравари кажа дека веќе разговарал со Мицкоски околу ситуацијата во колациијата ВЛЕН.


Како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи, исто како што одлучи и ЗНАМ, но во една меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на ВЛЕН, и гледам големи реакции од тоа што остана во ВЛЕН. Мораме периодов да бидеме внимателни и порационални, затоа што станува збор за политика. Ако во ВЛЕН се одлучни за она кое го зборуваат минатите денови, тогаш ние како партија ќе ги видиме нашите опции за кандидатите за градоначалници“, рече Таравари.

Во однос на Владата, Таравари истакна:

„Владата ја прави премиерот. Разговарав со премиерот, и повторно ќе разговарам. Ако смета дека Алијанса за Албанците не е потребна, нема проблем. Лично сметам дека партијата е потребна. Не може никој друг да каже освен премиерот. Не треба да брзаме“, изјави министерот за здравство.

Можете да прочитате

Исплатата на платите во Министерството за култура е во тек и ќе заврши денеска

Гаши: Во Собранието нема нова распределба на пратеници, пратеничките групи се исти

Детали за вчерашните апсења: 49 лица давале и примале поткуп во замена за инвалидски пензии и туѓа нега со лажни дијагнози