Утрински Весник
Македонија

Таравари: Димитриевски сѐ уште е во предизборна еуфорија

Taravari 3 1.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари, смета дека лидерот на ЗНАМ, коалицискиот партнер во Владата – Максим Димитриевски сѐ уште е во изборна еуфорија и дека албанското знаме не треба никому да пречи, со оглед дека е официјално и за тоа не треба да се разговара.

– Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му пречи. Ако тоа е причината за напуштање на владата, тој мора да одлучи – рече Таравари во емисијата „Дејли клик“ на тв 21.

Според него, Димитриевски добил гласови и од Албанци кога бил избран за градоначалник на општина Куманово.

– Пак ќе има избори и ќе ја смени реториката. Вчера кружеа фотографии на кои се гледа дека во неговиот кабинет има албанско знаме. Мислам дека тоа е повеќе популизам отколку сериозност – рече Таравари.

Димитриевски, претходно предупреди дека ЗНАМ ќе ја напушти владејачката гарнитура доколку се повтори ситуацијата од минатата недела.

Можете да прочитате

На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони

Сончево и многу топло, попладне нестабилно

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“