Утрински Весник
Македонија

Таравари демантира дека пациентот не бил примен – ДСЗИ врши увид на Кардиохирургија по смртта на пациент со пукната аорта

Kardiohirurgija 3 1536x1022 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во текот на денов врши увид на Кардиохирургија во Скопје, по смртта на пациент за кој негови блиски кажале оти од Клиниката рекле дека во моментот немаат услови да го оперираат и дека немаат слободна сала за операција.

Информацијата за увидот ја потврди министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. Тој рече дека пациентот бил примен на оваа клиника и преземени биле сите неопходни мерки.


– Дисекција на аорта – тоа е сериозна дијагноза, барем колегите коишто се по здравство – доктори или здравствени работници, знаат, одговори министерот на новинарско прашање за случајот.

Тој рече дека пациентот бил примен на клиника, преземени биле сите мерки, „бидејќи имал хипертензија, за да се стабилзира, па потоа да се оперира“.

– Во меѓувреме, пациентот починал, за жал. Јас не знам зошто семејството инсистирало да не се направи обдукција. Нашите колеги инсистирале обдукција по секоја цена да се направи за да се констатира. Меѓутоа, како и да е, денеска ДСЗИ е таму и веднаш и нашата стручна комисија од Министерството за здравство, откако го добиеме од ДСЗИ, ќе излеземе да констатираме точно што се случило. Меѓутоа, не е точно дека пациентот не е примен. Примен е. Јас ви кажувам дека едната сала се реновира на Кардиохирургија, другата сала – функционира. Немало дека имало друг случај, дека овој требало да чека. Требало притисокот да се стабилизира за да може да се оперира, додаде министерот.

Таравари рече и дека немало ден кога не бил низ клиниките и болниците. Изрази надеж дека наскоро ќе биде промовирана и реновираната Урологија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време и дали го резервираа навреме Харис да им пее?

Условна казна за напаѓачот на ,,Инфомакс”

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба