Утрински Весник
Македонија

Таравари бил загрижен поради Законот за бранители

Taravari.jpg

Министерот за здравство и член на коалицијата Вреди, Арбен Таравари во интервју за „Алсат“ зборува за расправата во Собранието и потребата од носењето на измените на Законот за бранители.

Таравари потенцира дека не треба да се манипулира со овој предлог-закон кој, според него, влезе во собраниска процедура од средината на јануари годинава кога технички премиер беше Талат Џафери, а на власт беа ДУИ и СДСМ.

„Законот бил предложен кон средината на јануари годинава кога премиер беше Талат Џафери и на седницата на Собранието кога требаше да бидат разрешени двајцата министри Фатмир Меџити и Азир Алиу. Тогаш реагираше пратеникот Халил Снопче кој побара да не се гласа за овој предлог-закон за да влезе на дневен ред, но тогаш ДУИ не расправаше ниту се обиде да го спречи да влезе во процедура“, потенцира Таравари во интервју за Алсат.

Тој додава дека ова прашање е загрижувачко и како владин партнер ќе седнат и ќе разговараат.

„Како партнер мора да седнеме и да разговараме, ако има решение тоа да биде взаемно, односно да има решение за двете страни. Ќе направиме напори да го спречиме и ќе разговараме како коалициски партнери ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ“, нагласил Таравари.

Oд Вреди вчера порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку истиот не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд