Утрински Весник
Македонија

Таравари бара сите партии да излезат со посебни листи за локалните избори за да има поголема излезност

Taravari 400765 416046 428325 428464 428906.jpg

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците кој е дел од Коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денеска изјави дека во разговорите инсистирал сите партии од Коалицијата на локалните избори за излезат со посебни листи.

-Во преговорите сум инсистирал да имаме посебна листа како Алијансата за Албанците, но и другите партии, бидејќи мотивираме повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори. Но, ќе видиме, ќе направиме, рече тој.


Таравари истакна дека со лидерите од коалицијата Влен се во континуирана комуникација и оти имаат коректни односи. Потенцира дека се подготвуваат за локалните избори и очекува наскоро да излезат и на јавноста да им ги кажат ставовите

Можете да прочитате

ВЛЕН: Безбедност на граѓаните со толеранција, „Safe City” не казнува минималната грешка!

СДСМ: ВМРО потврди, сè е приватен бизнис за Мицкоски, затоа има часовници од 150 плати

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски