Утрински Весник
Македонија

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

Taravari.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

– Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА.


Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „Влен“ донесе одлука да ја напушти владината коалиција и да оди во опозиција. На претстојните локални избори партијата ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.

– Членовите на ИК ме овластија во периодот што следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во „Влен“ или ќе се поделат. Во наредниот период ќе бидат појасни многу работи, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар