Утрински Весник
Македонија

Таравари: Алијанса ниту е такси превоз, ниту е чамец за спасување!

Arben Taravari 1 Scaled 1.jpg

Министерот за здравство и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на својот Фејсбук профил по повод вчерашните политички случувања.

MK Summit

Во објавата, Таравари порача дека неговата партија ја сфаќа судбината на луѓето многу посериозно отколку што тоа го прават други политички субјекти. Според него, Алијансата за Албанците не презема никакви политички чекори за да удоволи на некого или како резултат на личен гнев.


„Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување за имиња и презимиња. Ние сме Алијанса за Албанците, работиме само во интерес на народот“, напиша Таравари.

Со оваа порака, тој испрати јасен сигнал дека неговото политичко делување ќе продолжи да биде насочено кон принципиелност и одговорност, а не кон лични или партиски пресметки.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година