Утрински Весник
Македонија

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори

Taravaripress 1 1024x591.png
Dik 300x250 mk

„Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на Промената која ВРЕДИ. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме. Емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа”, изјави Таравари.

Според него, економијата и иселувањето бараат одговори, а на Албанците промени.

„Затоа, ние како коалиција ВЛЕН, во владата, мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Ја објавивме и дискутиравме за нашата претседателска програма, а на почетокот на следната недела ќе ја објавиме и програмата за парламентарните избори. Таа е единствената програма што ВРЕДИ. Но, уште еднаш повторувам, за да дојде до промена, секој човек мора да биде посветен. Затоа што секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето, за да ја гарантираме победата на промените”, изјави Таравари.

Можете да прочитате

Мешовитата историска комисија одржа средба, се разговарало за учебниците по историја и општество

Уште неколку дена дожд потоа стабилизација на времето

Отворена истрага за убиството кај Чашка, еден осомничен е во притвор, се трага по уште едно лице