Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Талибанците го прогласија празник денот кога последниот американски војник го напушти Авганистан

Талибанците го прогласија празник денот кога последниот американски војник го напушти Авганистан
Img 7972

Владата на талибанците ја прогласија саботата, 31 август, денот кога последниот американски војник го напушти Авганистан во 2021 година, за национален празник.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението, кабинетот на талибанскиот премиер соопшти дека кабинетот одлучил тој ден да се смета за празник во официјалниот календар. Генерал-мајорот на американската армија Крис Донахју беше последниот американски војник што го напушти аеродромот во Кабул на полноќ на 30 август 2021 година.

Според мировниот договор од Доха, САД и нивните сојузници го напуштија Авганистан по 20 години воено присуство. Сепак, две недели пред целосното повлекување на странските сили, меѓународно поддржаната авганистанска влада падна и талибанците триумфално влегоа во градовите и повторно ја презедоа власта.

Оттогаш, талибанците повторно ги наметнаа своите сурови закони и им забранија на авганистанските девојчиња и жени пристап до училишта по шесто одделение. Како резултат на тоа, ниту една земја во светот сè уште не ја признала нивната де факто влада.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари