Утрински Весник
Македонија

Талески: За жал ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од партиските интереси и да го поддржи законот за Кочани

Mile taleski sdsm.png

Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од тесно партиските интереси и да го поддржи законот за помош на настраданите во трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во дебатната емисијата „24 Анализа” на ТВ24.

Талески нагласи дека целта на овој закон е веднаш да им се излезе во пресрет на граѓаните, на семејствата, на повредените, на сите коишто настрадаа во оваа трагедија и никому не му паѓа на памет да го политизира или да лови некакви политички поени на целиот овој настан.


-Предлог законот предвидува да им се помогне на семејствата кои изгубиле член, да им се помогне на повредените со сериозни средства од 1,5 милиони до 5 милиони денари, врз основа на степенот на инвалидитет, да им се помогне на семејствата полесно да се справат и во делот на работните обврски, предвидува 6 месеци платен одмор, да им се помогне на учениците кои подолго време отсуствуваат од настава, рече Талески. 

Пратеникот на СДСМ уште еднаш упати апел да се донесе законот додавајќи законското решение во собраниска процедура може да се допрецизира со амандмани, бидејќи на овие граѓани подршката им е потребна час поксоро.

-Не треба да има некакво политичко надмудрување. Без разлика дали сме власт или опозиција, треба да се излезе надвор од тие теснопартиски интереси, на оние граѓани им е потребна помош и поддршка, рече Талески.

Талески го запраша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Левков дали сега може да им погледне во очи на сограѓаните од Кочани откако не го поддржа ова законско решение.

-Безобразно е вие да седите во Собрание, да се предлага закон за Кочани, да им се помогне на семејстава, на кои им настрадале најблиските и 200 повредени, а вие да молчите. Беше потребна мала човечка доблест од ваша страна да го поддржите законот, не да чекате наредби од Бела палата, нагласи Талески.

Во врска со истрагата за трагедијата во Кочани, Талески истакна дека сите бараат правда и правдата колку и да е спора мора да излезе на виделина.

-Џабе декларативни заложби од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ја пропуштија шансата да им веруваме, нагласи пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа” на ТВ24.

Можете да прочитате

Перински во Делчево: Не запира поддршката за сите општини, градиме цврсти темели за подобар живот на секој граѓанин

Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство