Утрински Весник
Македонија

Такси возач од Скопје ограбил австралиски турист

Taxi Taksi 1 830x0 1.jpg

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21:00 часот, австралискиот државјанин Ј.К. (37) пријавил во СВР Скопје дека бил измамен од такси возач.

Според пријавата, Ј.К. и неговата сопруга влегле во такси возило кое ги превезло од трговски центар до крстосница на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и улица „Беласица“.

Откако платиле 200 денари, возачот сам одзел дополнителни 1700 денари од паричникот на Ј.К. и им рекол да го напуштат возилото.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест