Утрински Весник
Свет

Тајванската војска соборила беспилотно летало кај кинескиот брег

Тајванската војска соборила беспилотно летало кај кинескиот брег

Неидентификуван цивилен дрон денеска бил соборен од војската на Тајван, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Авионот влегол во воздушниот простор во близина на островче во близина на брегот на Кина, откако владата вети дека ќе преземе нови тешки мерки за да се справи со порастот на таквите упади.

Медиумите потсетуваат дека Пекинг кој го смета Тајван за своја територија, од почетокот на минатиот месец одржа воени вежби околу островот како реакција на посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси.

Од одбранбената команда на Кинмен, група острови контролирани од Тајван спроти кинеските градови Ксијамен (Ксиамен) и Куанжу (Кванжоу), во соопштението објавено од Министерството за одбрана на Тајван изјавиле дека дронот навлегол во ограничен воздушен простор.

Војниците на островите се обиделе да го предупредат, но безуспешно, па го собориле, а остатоците паднале во морето, се додава во соопштението што го пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

ЕУ ќе ја зајакне сателитската одбрана поради пречки во ГПС сигналот

Путин во Кина: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“

Песков негира вмешаност на Русија во блокирањето на ГПС сигналот во авионот на Фон дер Лајен на летот за Бугарија