Утрински Весник
Свет

Таџикистан е во контакт со Москва поради наводна вмешаност на нејзини државјани во терористичкиот напад

Picture 1116 660x357 1.jpg

Таџикистан е во контакт со Москва во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, изјави денеска портпарол на таџикистанското Министерство за надворешни работи. Тој рече дека таџикистанските власти се во близок контакт со нивните руски колеги во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во синоќешниот терористички напад во московската област. Пратеникот на руската Државна дума, Александар Хинштајн денеска изјави дека при претресот на автомобилите на осомничените за терористичкиот напад, кои беа уапсени во областа Брјанск, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан, јави руската државна телевизија.

Можете да прочитате

Околу 500 училишта затворени поради ученичките протести во Франција

Иранскиот министер за нафта поднесе оставка

Повлечени американските бомбардери Б-1 од британската база „Ферфорд“ поради безбедносни закани