Утрински Весник
Свет

Тајани: Уставот ѝ забранува на Италија да и дозволи на Украина да користи оружје на руска територија

Tajani.jpg

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Украина нема дозвола од Италија да користи оружје доставено од таа земја за цели на територијата на Руската Федерација, туку може да го користи само „за да го одбие рускиот напредок и да ја гарантира слободата на земјата“.

Тајани рече дека Италија отфрла војна и не може да обезбеди оружје за напад на Русија, пренесува римскиот весник Фато Котидијано.

„Италијанското оружје може да се користи само на територијата на Украина за да се одбие рускиот напредок и да се гарантира слободата на земјата. „Едно е да се користи ова оружје на окупираната територија, едно да се брани Украина, друго да се каже дека сме во војна со Русија“, рече тој.

Министерот за одбрана Гидо Крозето изјави дека италијанскиот устав и забранува на Италија да ѝ дозволи на Украина да гаѓа руска територија.

„Примената на членот 11 од нашиот Устав ни наметнува предупредувања во врска со употребата на оружјето што и го даваме на Украина: тоа нужно мора да се користи за одбрана на Украина, што значи напади врз Русите во Украина, но тие не можат да се користат на територија на друга држава“. Ова е мое мислење кое го делат премиерот и министерот Тајани“, изјави Крозето.

Претходно, западните медиуми, повикувајќи се на американски официјални претставници, објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и дала дозвола на Украина да користи американско оружје во напад на Русија, но само во околината на Харков.

Германија денеска објави и дека ќе и дозволи на Украина да користи германско оружје за да напаѓа цели во границите на Русија.

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот