Утрински Весник
Свет

Tрамп и Бајден го осудуваат терористичкиот напад во Австрија: Срцата на Американците се со вас

Tрамп и Бајден го осудуваат терористичкиот напад во Австрија: Срцата на Американците се со вас

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги осуди нападите во Виена, нагласувајќи дека нападите на злото мора да престанат, а неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден, повика на единство во спротивставувањето на насилството.

Трамп на „Твитер“ го осуди терористички напад во Виена, додавајќи дека срцата на Американците се со Австрија и Франција.

„САД стојат заедно со Австрија, Франција и цела Европа во борбата против терористите, вклучително и радикалните исламистички терористи. Овие напади на злото врз невините мора да престанат”, напишал актуелниот претседател и републикански кандидат пред изборите.

Бајден рече дека по страшните терористички напади во Виена, сите мора да се спротивставиме на омразата и насилството.

Синоќа се случи пукање пред синагогата во центарот на Виена кај Шведенплац, а министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, изјави дека станува збор за терористички напад и дека има неколку напаѓачи. Агенцијата „Франс прес“ објави дека две лица се мртви, од кои едното е осомничено за нападот. Петнаесет повредени се хоспитализирани.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија ќе признае палестинска држава овој викенд

Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД