Утрински Весник
Свет

Tоварни брода се судрија во Балтичкото море, во тек е потрага по преживеани

Tоварни брода се судрија во Балтичкото море, во тек е потрага по преживеани

Два товарни брода се судрија во Балтичкото Море, по што еден од нив се преврте, соопшти Шведската поморска управа.

Во тек е спасувачка операција и потрага по најмалку две лица, јавува шведскиот јавен сервис СВТ. Во потрагата учествуваат десетина пловни објекти од Шведска и Данска, како и хеликоптери.

Судирот се случил помеѓу Истад (Шведска) и Борнхолм (Данска). Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот во Норвешка.

Бродот што се преврте е „Карин Хоеј“, регистриран во Данска, а две лица кои се наоѓале во него исчезнале, соопшти Заедничкиот оперативен центар за данска одбрана (ЗОК).

Друг брод, регистриран во Британија, наречен „Scot Carrier“ е функционален и неговиот екипаж е безбеден.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина