Шетач на кучиња бил застрелан во Лос Анџелес во средата навечер, а осомничените успеале да побегнат со две од трите кучиња на поп-ѕвездата Лејди Гага, пренесува „Фокс њуз“ и го цитира нејзиниот татко Џое Германота кој вели дека целото семејство е потресено од насилството.
Рајан Фишер, човекот кој ги ѝ ги чува кучињата, бил пренесен во болница со прострелни рани и е во критична состојба.
Магазинот „Пипл“ цитира негов пријател кој тврди дека Фишер буквално би го дал својот живот за оние што се под негова грижа.
Поп-ѕвездата Лејди Гага нуди награда од 500.000 долари за враќање на нејзините француски булдози, Коџи и Густав, украдени во насилна расправија во Лос Анџелес, поради што човек се бори за живот, полицијата и извор близок до пејачката изјавија во четвртокот.
Гага, која беше во Рим на снимање филм кога беа украдени кучињата, првично не коментирала за кражбата. Сепак, полицискиот оддел во Лос Анџелес потврди дека двата француски булдози биле украдени под закана со оружје од 30-годишен маж на авенијата Сиера Бонита во Холивуд ноќта во средата.
Третото куче, Мис Азија, избегало и подоцна било пронајдено.
Инцидентот е последен во низата насилни кражби на француски булдози во САД во последните месеци.