Утрински Весник
Свет

СЗО: Во Газа регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост

12270533.jpg

Во јули, Газа регистрираше најголем месечен број случаи на акутна неухранетост кај децата досега, објави Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО предупреди на зголемување на смртните случаи поврзани со глад во палестинската енклава, објави Ројтерс.


„Во јули, кај речиси 12.000 деца под петгодишна возраст беше дијагностицирана акутна неухранетост во Газа, што е најголем број регистриран за еден месец“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на прес-конференција во седиштето на организацијата во Женева.

Можете да прочитате

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон

Ел Нињо може да стане најсилниот од 1950 година, расте ризикот од временски екстреми

Две кучиња ја преминале границата од Русија во Полска, граничарите ги вратиле назад