Утрински Весник
Свет

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето

Szo Svetska Zdravstvena Organizacija Who.jpg

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип.

СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми.

Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни, се наведува во соопштението на СЗО.

Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.

Можете да прочитате

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија