Утрински Весник
Свет

СЗО: По една жена умира на секои две минути за време на породување или бременост

СЗО: По една жена умира на секои две минути за време на породување или бременост

На секои две минути во 2020 година, една жена умира од причини што може да се спречат поврзани со бременост и породување, покажа истражувањето на Светската здравствена организација.

dobivaj vesti na viber

Се проценува дека 287.000 жени ширум светот починале од овие причини, „што е речиси 800 смртни случаи на мајки секој ден, и околу една на секои две минути“.

Тој број е подобрување во однос на проценетите 446.000 смртни случаи пред 20 години.

Стапката на смртност кај бремените жени или за време на породувањето падна помеѓу 2000 и 2015 година и оттогаш во основа стагнира, па дури и се зголеми во некои региони.

Податоците се однесуваат на 2020 година, а ефектите од пандемијата на корона вирусот не се видливи во групата податоци.

Состојбата во посиромашните и погодени од конфликт земји е особено драматична, соопшти Светската здравствена организација.

Правичната здравствена заштита и дава на секоја мајка, без разлика која е и каде е, добра шанса за безбедно породување и здрава иднина со своето семејство.

Причините за смрт што може да се спречат вклучуваат обилно крварење, висок крвен притисок, небезбедни абортуси или болести како ХИВ/СИДА и маларија.

Речиси сите смртни случаи се случуваат во земјите со низок и среден приход и речиси сите може да се спречат.

Зголемувањето на опфатот на квалитетна здравствена заштита на мајките и подобрувањето на способноста на жените да донесуваат одлуки за сопственото сексуално и репродуктивно здравје се меѓу првите чекори што треба да се преземат за да се постигне таа цел, се вели во извештајот,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп