Утрински Весник
Свет

СЗО: Мајмунските сипаници остануваат глобална здравствена криза

СЗО: Мајмунските сипаници остануваат глобална здравствена криза

Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува глобална здравствена криза, што е највисоко ниво на предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти денеска Кризниот комитет на агенцијата на ОН.

dobivaj vesti na viber

СЗО во јули објави дека брзото ширење на мајмунските сипаници е глобална здравствена криза. Мајмунските сипаници обично започнуваат со симптоми слични на грип како треска, силна главоболка и отечени лимфни јазли.

По еден до три дена се јавува осип на лицето и телото, кој најпрво се манифестира во вид на рамни лезии, а завршува во вид на гнојни јазли.

Симптомите може да траат две до четири недели. Мајмунските сипаници може да бидат смртоносни, но стапката на смртност варира во голема мера од сој до сој, од речиси нула до дури 11 проценти, според СЗО.

Можете да прочитате

Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“

Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ

Трамп разгледува опции за напади насочени кон картели во Венецуела; Мадуро – Венецуела е подготвена за „вооружена борба“ доколку САД ја нападнат