Утрински Весник
Македонија

СВР Скопје уапси четири лица

Img 3107.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден и денеска (24/25.08.2024) полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбедно Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 126 лица, кај 64 од нив бил извршен и преглед. Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли.

Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба.

Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови.

Можете да прочитате

Два случаи на физички напад врз малолетнички од страна на родител

За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца

Двајца осуденици барани со потерница вратени во затвор