Утрински Весник
Македонија

Светот бара прекин на огнот во Газа, Македонија и Албанија воздржани

Img 0820.jpeg

Членките на Обединетите нации доцна вечерва по македонско време со големо мнозинство ја усвоија резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас и неограничен хуманитарен пристап за над два милиона Палестинци кои живеат во катастрофални услови поради израелската воена офанзива. Ова го пренесе парискиот „Монд“.

Генералното собрание на ОН, кое брои 193 членки, гласаше со 149 „за“, 12 „против“ и 19 воздржани. Македонија беше меѓу воздржаните, заедно со Албанија – двете единствени земји од регионот кои не ја поддржаа резолуцијата. Резултатот од гласањето беше проследен со громогласен аплауз.


Резолуцијата, подготвена од Шпанија, „најостро го осудува изгладнувањето на цивили како метод на војување“. Израелскиот амбасадор Дани Данон жестоко се спротивстави, нарекувајќи го обвинувањето за намерно предизвикување глад „крвава клевета“. Тој тврдеше дека Израел продолжува да испорачува хуманитарна помош, и покрај спротивните извештаи од теренот.

Експерти и активисти за човекови права предупредуваат дека хуманитарната ситуација во Газа е алармантна – околу два милиона луѓе се на работ на гладна смрт, освен ако не се укине блокадата и не престане воената кампања.

Како и неодамна неуспешната резолуција во Советот за безбедност, и оваа не го осудува нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, кој ја поттикна актуелната војна. Во документот не се споменува разоружување на Хамас – точки што беа барани од САД.

Американската в.д. амбасадорка во ОН, Дороти Шеј, изрази незадоволство од текстот, оценувајќи дека „испраќа неприфатлива порака до Хамас и другите терористички групи поддржани од Иран – дека можат да бидат наградени за насилство, кражба на хуманитарна помош и напади од цивилни зони.“

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Дали Арсовска даде заклетва пред граѓаните или пред Беџети?

Сијарто: Не е само Бугарија, туку и други земји на ЕУ ја попречуваат Македонија

Умерен топол бран од Африка во Македонија: Имаме температури околу просекот за јуни