На Македонија и се потребни што повеќе способни, грижливи и чесни луѓе како доктор Венко Филипче. Ова го пишува Наташа Николовска на својот во Фејсбук профил.
Споделувајќи го случајот на нејзиниот татко кој работел тешки физички работи во Швајцарија, Николовска, која пак живее во Америка, вели дека врвна медицинска услуга и професионалност нејзиното семејство добило токму дома во Македонија од страна на Филипче и неговиот тим.
Поради операција на срце, било потребно да се направат испитувања и на мозокот на нејзиниот татко со цел да се земат предвид сите аспекти од неговото здравје пред тој да биде опериран.
„Ни сугерираше да го прегледа Др. Филипче. Мислевме дека е невозможно да се дојде до него и дека тоа ќе не чини многу пари како што навикнавме по белиот свет. Го најдовме бројот на неговиот мобилен и истиот ден по пораката што му ја пративме ни закажа преглед. Прв пат во животот го видовме. Но истиот ден на татко ми му направија скенер и откако Др. Филипче ги виде снимките ни соопшти тешка дијагноза. Стануваше збор за церебрална анауризма на многу незгодно место во мозокот. И кога помисливме дека нема веќе лек тој рече мора итно да го оперираме. Јас сум изведувал вакви зафати. Многу е тешка микроневрохирушка операција но ќе ја направиме“, ги уверил Филипче, пишува Николовска.
По тешката операција која траела неколку часа, семејство Николовски здивнало откако Др. Филипче со голема сочувствителност за нивната состојба им соопштил дека операцијата е успешна.
„Но она што нè изненади е грижата на Др. Филипче кој неколку пати по операцијата лично се јавуваше да прашува како е пациентот. Јас како негова ќерка што живее во САД знам колку тешко би било тоа да се изведе овде со таква брзина и стручност и колку тоа би чинело. И затоа сите сме му вечно благодарни на драгиот Др. Венко. Татко ми здравјето си го упропасти по белиот свет но овде наиде на луѓе што спасуваат живот со неверојатна посветеност и грижа за пациентите“, наведува Николовска во својата објава.
Она што дополнително го изненадило семејството Николовски е дека врвната медицинска услуга и нега не чинела илјадници евра како во земјите каде што тие живеат или работеле.
Покрај индивидуални сведоштва, на Фејсбук има и група „И јас сум Венко Филипче“ која е исполнета со позитивни сведоштва кои влеваат огромна надеж и доверба и во македонското здравство и во луѓето кои работат во него, како и во доктор Филипче.