Утрински Весник
Македонија

Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ со доделување на награди и концерт на пијанистот Глигор Гелебешев

Muzejot na makedonskata borba.jpg
Dik 300x250 mk

Во Музејот на македонската борба, вечерва во 20 часот, ќе се одржи свеченото затворање на фестивалот „Златна лира“, во организација на Здружението на музички уметници на Македонија (СМУМ).

Во рамки на настанот ќе бидат доделени традиционалните награди „Златна лира“. Наградата за животно дело годинава ѝ се доделува на истакнатиот кларинетист и професор Стојан Димов, за неговиот значаен придонес во развојот на македонската музичка сцена и педагогија. Наградата за исклучителни уметнички остварувања во 2024 година ја добива мецосопранот Александра Коцевска, за нејзините достигнувања во вокалната уметност и педагошката работа.


Свеченоста ќе биде збогатена со концерт на пијанистот Глигор Гелебешев, кој ќе настапи со дела од Александар Скрјабин и Сергеј Рахмањинов. На програмата се: Соната бр. 3, оп. 23 и Ноктурно оп. 9 бр. 2 (за лева рака) од Скрјабин, како и Прелудиуми оп. 23 бр. 4 и 5, и Музички моменти оп. 16 бр. 3–6 од Рахмањинов.

Гелебешев, еден од водечките македонски пијанисти, е познат по својот рафиниран пијанистички израз и долгогодишна концертна и педагошка дејност. Неговото музицирање се одликува со дисциплина, јасност и суптилна емоционалност, а критиката го препознава како столб на современата македонска пијанистичка уметност.

Можете да прочитате

Крадец влегол преку незаклучена врата, украл накит на скопјанка, ја турнал и побегнал

Лишен од слобода бегалец од затвор, осуден на затворска казна од девет години и еден месец

Продлабочувањето на соработката во фокус на средбата Минчев-Сулстром