Утрински Весник
Македонија

Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, под покровителство на Сиљановска-Давкова

20250504193247 big 730x400 96.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, којашто под нејзино покровителство ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Обраќања на свечената академија, како што соопшти Kабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, ќе имаат и претседателот на МАНУ Живко Попов, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска.


Најавено е присуство на македонисти, професори, академици, пратеници, министри, претставници на верските заедници и претставници на дипломатскиот кор. 

На свеченоста ќе настапи камерниот женски хор „Св. Злата Мегленска“ и ќе биде поставена изложбата „Азбука“ на македонскиот академски сликар Сергеј Андреевски.

Можете да прочитате

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина