Утрински Весник
Свет

Свадбата може да биде ризик за сватовите: Нетанјаху го жени синот, но сака да ја одложи венчавката

6zq9g Screenshot 15.jpg

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, сака неговиот син Авнер да ја одложи венчавката поради безбедносни причини, поради војната на неколку фронтови и заканата од дронови, објави денеска израелскиот јавен сервис Кан.

Свадбата на Авнер Нетанјаху е планирана за 26 ноември во регионот Шарон, северно од Тел Авив.

Кан ги цитира зборовите на премиерот на Израел кој им рекол на соработниците дека настанот може да претставува ризик за сватовите.

Кабинетот на премиерот на Израел не одговори на извештајот, според „Тајмс оф Израел“.

Беспилотно летало на милитантниот Хезболах удри во спална соба во домот на Нетанјаху во Цезареја претходно овој месец, предизвикувајќи штета, а неговото семејство во тоа време не беше таму.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков