Утрински Весник
Македонија

СУТКОЗ го поддржува новиот закон за пушење, но бара заштита на работните места во угостителството и туризмот

Cigari.webp.webp

Поддршка за законот за пушење даде и Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ). Но истакнаа дека треба се обезбедат мерки што нема да доведат до намалување на бројот на работници во секторот.

– СУТКОЗ има забелешки и ќе ги доставиме. Очекуваме и угостителите, преку Комората на работодавачи, да го дадат своето мислење. Нашата цел е да не се загубат работни места, особено затоа што се дефицитарни овие два сектори со кадар. Покрај ниските плати, дел од работниците заминуваат во странство, а новиот закон не смее да ја влоши таа состојба – рече претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски.

Тој додаде дека претходниот Закон за пушење имал добро решение со предвидени простори за пушачи во угостителските објекти и дека сега е потребна стриктна контрола за да се задоволат интересите и на пушачите и на непушачите.

– Со посилна примена и контроли, сметаме дека ќе се постигне рамнотежа и ќе се заштитат и работниците и посетителите во објектите – нагласи Кашиковски.

Претседателот на СУТКОЗ, исто така, изрази поддршка на Синдикатот за новиот закон за угостителство, кој се подготвува од Министерството за економија и труд, истакнувајќи дека построгите решенија ќе придонесат за зголемена безбедност и здравје при работа и ќе ги заштитат и работниците и посетителите.

– Апсолутно даваме поддршка за новиот закон за угостителство, кој е поригорозен. Со овие построги законски решенија ќе се избегнат можности за повреди и ќе се унапредат работничките права – рече Кашиковски.

Можете да прочитате

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата

Кабли вредни 200.000 евра украдени од објект во изградба, осомничен вработен во обезбедување

Сиљановска-Давкова разговараше со претставнички на Women in Tech-Macedonia