Утрински Весник
Македонија

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!

Support Kocani 960x640 1.jpg
Dik 300x250 mk

Support Kocani ја исплати во целост фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари, соопштија од иницијативата.

Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по мерка за 17 лица. Очекуват облеката да пристигне во Македонија понеделник навечер, а веќе во вторник ќе биде доставена до болницата во Кочани.


Со оваа фактура, вкупниот износ за компресивна облека што го покривме изнесува 23.560,37 евра, односно 1.207.260 денари.

„Благодарност до сите што донираат. Секој ден, секоја донација, секоја споделена порака прави разлика. Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови“, велат од иницијативата.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово