Утрински Весник
Македонија

Судскиот совет: Тврдењата на холандскиот амбасадор се неосновани, надлежните да ги испитаат сомнежите за корупција

Судија од Врховниот суд доби писмена опомена
300x250 (7)

Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет, е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дека новиот претседател е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување четири годишниот проект финансиран од оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за ССРСМ.

300x250 (7)

Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет. Холандскиот проект трае четири години и се состои од три компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година.

Холандија гo стави во мирување проектот поврзан со Судскиот совет, кажа холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, кој оцени дека состојбата е загрижувачка, а Судскиот совет станал нелегитимно тело.

Ss1

Можете да прочитате

Караванот на ДИК во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Сто години постоење на Институтот за јавно здравје

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот