Утрински Весник
Спорт

Судот во Лозана ја одби жалбата на Кинтана

Судот во Лозана ја одби жалбата на Кинтана

Судот за спортска арбитража (CAS) ја одби жалбата на Наиро Кинтана против одлуката да биде дисквалификуван од годинешниот Тур де Франс.

dobivaj vesti na viber

Во август Светската велосипедска унија (УЦИ) го елиминира Колумбиецот и му го поништи резултатот од најпрестижната трка во светот бидејќи во неговата крв беа пронајдени траги од забранетата супстанца „трамадол“.

Квинтана не доби забрана за настап на следните трки, но тој самиот се повлече од Вуелта.

Потоа тој се натпреваруваше на Светското првенство во Волонгонг, Австралија, каде што заврши само на 66. место во уличната трка.

„Присуството на допинг е јасно утврдено и нема причина зошто да ја поништиме одлуката на Светската велосипедска унија“, се вели во соопштението на CAS.

Кинтана на Тур де Франс две етапи заврши меѓу најдобрите петмина, а неговиот најдобар пласман беше второто место на планинската етапа на Кол ду Гранон.

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите