Утрински Весник
Македонија

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

Viber image 2025 11 03 13 05 40 435.jpg
Dik 300x250 mk

Основниот кривичен суд Скопје соопштува дека е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот на тешка сообраќајна несреќа на булевар „Гоце Делчев“ кога управувајќи автомобил „фолксваген пасат” удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој на велосипед се движел по обележаниот пешачки премин.

Мерките на претпазливост за осомничениот кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се одземање на македонска и српска патна исправа, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.

Како што информира ОЈО, на 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.

-Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“ осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал, соопшти ОЈО.

Можете да прочитате

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад