Утрински Весник
Свет

Судот го ослободи Берлускони од обвиненијата за поткуп

Судот го ослободи Берлускони од обвиненијата за поткуп

Италијанскиот суд го ослободи поранешниот премиер Силвио Берлускони од обвиненијата за поткуп на сведоци во случајот со малолетничка проституција во 2013 година, неколку недели откако политичарот беше реизбран во италијанскиот парламент.

dobivaj vesti na viber

Берлускони е обвинет дека наводно платил 157.000 евра на италијанскиот пејач Маријано Апичела за да лаже на второто судење каде на поранешниот премиер му се судеше под обвинение дека платил на 17-годишна мароканска танчерка во ноќен клуб, во замена за сексуални услуги.

Во тој случај беше ослободен и Берлускони, лидерот на десничарската партија Форца Италија која ја поддржува новата влада на премиерот, Џорџа Мелони.

Судењето во Рим е еден од трите поврзани случаи што се одржуваат во различни градови поради територијални јурисдикции.

Во одделен случај кој се уште се води пред судот во Милано, Берлускони е обвинет за поткуп на 24 сведоци, главно млади гости на неговите вечерни забави. Обвинителите во мај побараа тој да биде осуден на шест години затвор. Берлускони ги негира обвиненијата, а пресудата се очекува до јануари 2023 година.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале