Утрински Весник
Балкан

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот

20240501131851 Big 730x400 91.webp.webp
Dik 300x250 mk

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“.

Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим.

Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42. 000 полицајци.

Можете да прочитате

Уставниот суд ја поништи одлуката на владата, Велиај може да се врати како градоначалник на Тирана

Пицула: Одложувањето на решението за кризата во Србија може да доведе до ризик од посериозни конфликти

Владимир Штимац уапсен пред РТС, фрлен на подот (ВИДЕО)