Утрински Весник
Македонија

Судијата Павловска-Данева за Топ-тема: Сите партии претходно се согласиле дека „Балансерот“ е исцрпен во примената

Screenshot 20241010 143718 Gallery.jpg

Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“ водено од новинарот Боби Христов на 09.10.2024 даде осврт на одлуката на Судот да укине одредби од закони и подзаконски акти кои вклучуваат „припадност на заедниците” или во јавноста познато како предметот за т.н „Балансер”.

„Балансер“. И уште поважно е да се знае дека најголем процент по правична застапеност се случувал токму во периодот 2005-2015 година, а од тогаш до денес, помал е процентот на вработувања во јавниот сектор по правична застапеност отколку пред „Балансерот“. Е сега дајте ми логично објаснување за сите што велат дека со укинување на „Балансерот“ се укинува начелото на правична застапеност.

Судијата Павловска-Данева изнесе и јавно познати информации за политичките чинители кои го критикуваа Уставниот суд, иако претходно веќе изразиле став дека т.н. „Балансер“ е исцрпен во употребата.

“Во изминатиот период имаше реакции, кои беа исклучиво на политичарите и не слушнавме за волја на вистината дека одлуката е неправна, неуставна или политичка од ниту еден правен експерт во правната фела. Реагираат од опозицискиот блок, видовме изјава од претставничка на ДУИ. Претходната влада составена од СДСМ и ДУИ во 2023 година, значи не така одамна донесе Стратегија за реформа на јавната администрација. Таа има важност од 2023-2030 и таа ја обврзува и оваа Влада. Таму на страна 47, што е владин акт, изгласан од страна на тогашната Влада е предвидено дека Балансерот ќе се напушти, токму со тие зборови, дури во заграда пишува „Балансерот“ бидејќи ја изгубил својата употребна вредност, се злоупотребува и не ги дава очекуваните резултати и дека на друг начин ќе се овозможи начелото на правичната застапеност.

Ова значи дека „Балансерот“ не го руши уставното начело и одлуката на Уставниот суд никако не го дерогира правото на правична застапеност на малцинските заедници. Претходната Влада, вклучително и ДУИ којшто чинам дека имаше најголем број на министерски места во Влада откако постојат како партија, а биле во влада дваесетина години, плус прв вицепремиер којшто беше и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,во 2023 година констатирал дека „Балансерот“ треба да се менува како алатка. СДСМ се согласило исто така кога ја носеле заедно Стратегијата, во исто време ВРЕДИ исто зборуваше во предизборието дека се злоупотребуваат етничките заедници преку „Балансерот”. Сите политички фактори изминатиот период тврделе дека „Балансерот“ треба да се смени, ја надминал својата употребна вредност. Е сега зошто Уставниот суд е оној кој ја политизира одлуката?. Ова е факт со кој сакам да се негираат изјавите, претежно на политичарите дека со оваа одлука на Уставниот суд се руши уставното начело на правична застапеност, изјави судијата Павловска-Данева за емисијата Топ Тема.

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија