Утрински Весник
Македонија

СУДЕЈЌИ СПРЕМА ДОЛГОРОЧНИТЕ АНАЛИЗИ: На Балканот пристигнува влажен февруари – По 10 февруари можно снежно невреме!

1318985 326596663 856430075648661 5097841913723617383 n ls 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

На Балканот му претстои влажен февруари. Што значи нема да недостасува ниту дождот, а ниту снегот. Врнежите ќе бидат над просекот, а особено повеќе врнежи ќе има по 10 февруари, а до тогаш времето ќе биде потопло и посуво.

Не се исклучува можноста делови од Балканот да се соочат и со снежно невреме, како и со значителни врнежи од снег..

Врнежите од дожд и снег на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија треба да бидат честа појава по 10 февруари.

Можно е дури повторно да се соочиме со екстремно ниски температури, овој пат тие би се задржале подолго (можно е температурите да паднат и под -20 степени на некои места).

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за доста долгорочна анализа на времето, промени во истата и тоа како се можни, па затоа нашите граѓани редовно да ги следат нашите секојдневни и краткорочни анализи на времето, и истите се најпрецизни со можност за остварување за повеќе од 90%.

Можете да прочитате

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

ЦУ: Етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран