Утрински Весник
Македонија

Судењето за убиствата на Вања и Панче одложено за 3-ти февруари

Gr 6861 Copy 1024x668.jpg

Првообвинетиот за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото Основно јавно обвинителство (ОЈО) Скопје во случајот. Тој тврди дека истрагата била несоодветно спроведена и изнел нови наводи кои го поддржуваат барањето за изземање.
Судијата Ивица Стефановски го одложи судењето за 3 февруари, нагласувајќи дека ќе остави време за Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, да се произнесе по барањето за изземање.

Палевски, при образложувањето на своето барање, посочи дека причините за изземање се вклучени во обвинителните акти и дека се засновани на докази за лажно сведочење на сведокот, како и на доказите кои ги приложил со барањето.


Обвинителството на денешното рочиште најави дека ќе продолжи со изведување на материјални докази, а по завршување на тоа, ќе биде испитан сведокот Гоце Трајковски.

На претходното рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на малолетната Вања со цел да изнудат откуп од нејзиното семејство. Исто така, грабнувањето на Панче Жежовски во Велес било спроведено со цел да го присилат да им го предаде своето возило „Цитроен“, кое подоцна било искористено за киднапирањето на Вања.

Малолетната Вања и Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, беа пронајдени мртви на 3 декември 2023 година во близина на Скопје и Велес.

Можете да прочитате

Фуркан Салиу: Џабе ги бојкотирате маркетите бојкотирајте ја вашата влада

И премиерот Мицкоски има разбирање за бојкотот на граѓаните за маркетите

Левица го поддржува бојкотот на маркетите: Власта на Мицкоски е во директна спрега со крупниот капитал