Утрински Весник
Македонија

Судењето за таткото на Васил Јованов пропадна, закажано е ново

B01dumgfiqogwzdao6yw.jpg

Првото судење против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов кого Обвинителството го гони за предизвикување општа опасност, бидејќи му дал автомобил на синот, со кој беше усмртена младата Фросина Кулакова пропадна.

Предметот го суди судијката Љубинка Башеска, која констатираше дека не исполнети услови за да се одржи рочиштето. Следното го закажа за крајот на идниот месец.


Зоран Јованов е обвинет дека две години му овозможувал на Васил, да го вози автомобилот „Пежо 207“, иако знаел дека тој немал возачка дозвола. Поради тоа, Обвинителството го гони дека со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат.

„Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, стои во обвинението.

Можете да прочитате

Вечерва ѓубрето од Чаир заврши пред Град Скопје

Полноќен протест: Ганиу со граѓани собира ѓубре од Чаир и го носи пред Град Скопје

Орце, Коце или Златко? ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште без одлука за главниот град