Утрински Весник
Свет

Суд одби барање да се запре проектот на Трамп за сала за бал во Белата куќа

Bela kuka.webp.webp

Американскиот федерален судија Ричард Леон го одби барањето на група за зачувување на културното наследство за привремено запирање на изградбата на сала за бал вреден 400 милиони долари, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го урна источното крило на Белата куќа.

Судијата Леон оцени дека Националниот фонд за зачувување на културното наследство веројатно нема да успее во тужбата, истакнувајќи дека групата го засновала своето барање на „неконзистентни теории“ според Законот за управна постапка и Уставот на САД и дека шансите би им биле поголеми доколку ја изменат тужбата, пренесува Ен-Би-Си.


Групата бараше привремена забрана на проектот додека тој не помине низ повеќе независни прегледи и не добие одобрение од Конгресот.

Администрацијата на Доналд Трамп го најави проектот минатото лето, а Трамп во октомври го урна источното крило на Белата куќа за да направи простор за сала за бал која, според него, ќе може да прими 999 луѓе.

За изградбата, како што најави, ќе бидат користени приватни донации, меѓу кои и лични на Трамп.

Трамп преку социјалните мрежи ја оцени одлуката на судот како „одлични вести за Америка“ и истакна дека проектот напредува побрзо од планираното, дека е под планираниот буџет и дека салата за бал „ќе остане долгорочен симбол на големината на Америка“.

Судијата Леон, исто така, наведе дека канцеларијата на Белата куќа задолжена за проектот не спаѓа под надлежност на Законот за управна постапка и оти на групата за зачувување на културното наследство судот не и призна основа да бара интервенција во своја корист.

Можете да прочитате

Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток

Орбан: Украина и понатаму ги блокира испораките на нафта за Унгарија

Пакистански воздушни напади врз Кабул и други авганистански провинции