Утрински Весник
Економија

Субвенционирана струја домаќинствата сигурно ќе користат до 1 јули

Images 9.jpg
Dik 300x250 mk

Субвенционирана струја за домаќинствата сигурно ќе има до 1 јули, а потоа е неизвесно. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека државни пари за најголемиот производител на електрична енергија во земјава ЕСМ ќе има до средината на годинава. Тоа значи дека цената на струјата ќе остане непроменета. Цената на струјата на ХУПЕКС берзата, која земјава ја зема за репер во овој период се движи помеѓу 70 и 90 евра за мегават час. Домашниот универзален снабдувач ЕВН Хоум за следните шест месеци ја купува од ЕСМ за 58 евра, што е 40 проценти поевтино од струјата на меѓународните берзи. Таа разлика сега ја покрива државата. Засега е нејасно дали идниот универзален снабдувач ќе добие субвенции. Процедурата за негов избор е во тек, откако на 30 јуни истекува петгодишната лицента на ЕВН Хоум. Покрај неа, на новиот тендер се јавија и грчи ЕДС и државната ЕСМ продажба. Нов универзален снабдувач ќе стане оној, кој ќе понуди најниска маржа.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност