Утрински Весник
Свет

Студија: Секој трет маж во светот е заразен со некој тип на ХПВ вирус

Студија: Секој трет маж во светот е заразен со некој тип на ХПВ вирус

Секој трет маж во светот е заразен со барем еден тип на Хуман Папилома Вирус (ХПВ), покажува студијата објавена денеска од водечкиот британски научен магазин „Лансет“.

dobivaj vesti na viber

Студијата додава дека, врз основа на 65 студии спроведени помеѓу 1995 и 2022 година, ХПВ инфекција кај мажите е 31 процент за кој било тип и околу 21 процент за високоризичен ХПВ.

„Сексуално активните мажи, без разлика на возраста, се голем резервоар на генитални ХПВ инфекции“, се наведува во студијата, додавајќи дека постои голема потреба мажите се повеќе да се вклучат во сеопфатна стратегија за превенција на ХПВ, со цел да се намали морбидитетот, односно бројот на смртни случаи од болести поврзани со ХПВ.

ХПВ е најчеста сексуално пренослива вирусна инфекција во светот, при што повеќето сексуално активни мажи и жени добиваат барем една генитална ХПВ инфекција во текот на нивниот живот.

Над 200 типови на ХПВ можат да се пренесат сексуално, додека најмалку 12 видови предизвикуваат рак.

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг